СЛАВИЦА ЈАНEШЛИЕВА / SLAVICA JANESLIEVA

Калемење 1 / Grafting 1, 2021

Copy of giphy.gif

Калемење 2 / Grafting 2, 2021

Калемење 1 и  2 се една брза и визуелно динамична верзија на дискурсот кој Јанешлиева го третира во различни медиуми во својот ликовен опус. Калемењето како феномен го поврзува со аспектот на бегалство, миграција, премрежја, неизвесност, болка, како и барање и создавање на подобри услови, пуштање корења на ново место, прашања за потеклото и идентитетот.

.

Grafting 1 and 2 are a fast and visually dynamic versions of the discourse that Janeshlieva treats in different media in her art work. Grafting as a phenomenon is associated with the aspect of refugee, migration, hardship, uncertainty, pain, as well as seeking and creating better conditions, putting roots in a new place, questions of origin and identity.

Slavica Janeslieva.jpg
www.slavicajaneslieva.blogspot.mk
www.slavicajaneslieva.mk

Славица Јанешлиева  (1973) е визуелна уметница со изразен мултимедијален и интермедијален пристап. По образование е графичар, но нејзиниот препознатлив исказ и исклучителна дарба за визуелна нарација ги пренесува преку различни медиуми: графика, објект, уметничка инсталација, цртеж, фотографија, видео, уметничка книга итн. Нејзините дела се изложувани на жирирани и курирани национални и меѓународни изложби низ целиот свет (27 самостојни изложби и над 250 групни изложби).  Добитник е на повеќе меѓународни и национални награди и признанија, а дел од нејзиното творештво збогатува значајни колекции во земјата и странство. Живее и работи во Скопје, како редовен професор на Студиската програма по графика на Факултетот за ликовни уметности (УКИМ).

Slavica Janešlieva (b.1973) is a visual artist with characteristic multimedia and inermedial expression.  Janešlieva specialized in graphic art/printmaking,  but she shows her recognizable artistic expression and talent for visual narration in various mediums: print, object, art installation, drawing, photography, video, book art etc. Her works are part of numerous juried and curated national and international exhibitions all over the world (27 solo exhibitions and over 250 group exhibitions). She has been awarded a number of international and national awards and honors, and her works are part of important institutional art collections in Republic of Macedonia and abroad. Janešlieva lives and works in Skopje, and is a full professor at the Printmaking Department, Faculty of Fine Arts, Ss. Cyril and Methodius University.