РОБЕРТ ЈАНКУЛОСКИ  / ROBERT JANKULOSKI

Прочистување 1 / Purification 1, 2021

Прочистување 1 е кратко видео чие дејство се случува на обалата на еден прекрасен морски брег. Кадарот е прикажан од птичја перспектива, и се гледа мал дел и од градот и плажата на која се наоѓаат голем број луѓе кои уживаат во својот одмор и во своите релаксирачки активности. Постепено, еден по еден, многубројните фигури исчезнуваат, ги снемува, како да се случила катастрофа која ги избришала од лицето на земјата. Прочистување е нужно, за тоа говори и авторот, тој вештачки ја прочистува природата од нејзините најголеми загадувачи. Време е да се освестиме, бидејќи природата сама наоѓа начини како да не опомени. 

Purification 1 is a short video that takes place on the shores of a beautiful seaside. The cadre is shown from bird’s perspective, and I a small part of the city can be seen, as well as, the beach where there are many people who enjoy their vacation and their relaxing activities. Gradually, one by one, the numerous figures are vanishing, disappearing, as if an accident had occurred that wiped them from the face of the earth. Purification is necessary, as the author says, he artificially purifies nature from his great explorers – the humans. It is time to become aware, since the nature finds its own ways to warn us.

РОБЕРТ ЈАНКУЛОСКИ  / ROBERT JANKULOSKI

Прочистување 2 / Purification 2, 2021

Во своето второ видео Јанкулоски одново говори за Прочистување. Но колку можеме и дали можеме да ја прочистиме природата кога едноставно насекаде се наоѓаат траги од експлоатацијата од страна на човекот? Дали на земјата и нејзините ресурси или пак на воздушниот простор и загадувањето кое го предизвикуваме? Која иронија се крие зад обичните знаци со кои се соочуваме во нашето секојдневно битисување, и дали крстот кој го користат како конструкција за електрични бандери има некаква релација со пурификацијата на човештвото?

In his second video, Jankuloski speaks again about Purification. But how much can and is it possible to purify the nature since there are simply traces of human exploitation everywhere around? Is it the earth and its resources or the airspace and the pollution we cause? What irony lies behind the ordinary signs we encounter in our daily lives, and does the cross used to construct electric poles have anything to do with the purification of humanity?

Robert Jankuloski.jpg

Роберт Јанкулоски роден е во Прилеп, 1969 година. Дипломирал на факултетот за Драмски уметности во Скопје на катедрата по камера во 1996. Магистрирал во 2011 на Универзитет за аудиовизуелни уметности - ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк во Скопје. Основач е на Македонскиот центар за фотографија, 2000 година. Реализирал 36 самостојни изложби и учествувал на голем број групни изложби насекаде во светот: Скопје, Белград, Нови Сад, Виена, Њујорк, Истанбул, Брисел, Варшава, Загреб, Панчево, Париз, Рим, Пловдив, Лион, Ротердам... Добитник е на неколку награди од областа на визуелните уметности и филмот и носител на титулата Витез од областа на уметноста и книжевноста, доделен од Министерството за култура на Франција. Во моментов е редовен професор на Факултетот за филмски уметности при Интернационалниот универзитет "Еуропа Прима" во Скопје.

 

Robert Jankuloski born in Prilep, 1969. He has graduated from the Faculty of Dramatic Arts in Skopje, Camera Department and earned his Master of Arts degree in 2011 at the University for Audiovisual Arts - ESRA Paris-Skopje-New York, Skopje. In 2000 he founded the Macedonian Centre for Photography. He has had 36 individual exhibitions and participated in many group exhibitions around the world: Skopje, Belgrade, Novi Sad, Wien, New York, Istanbul, Brussels, Warsaw, Zagreb, Pancevo, Paris, Roma, Plovdiv, Lyon, Rotterdam... Winner of several awards in the area of visual arts and film. Presently he is full professor at the Faculty of Film Arts at the International University "Europa Prima" in Skopje.