КРИСТИНА ПУЛЕЈКОВА  / KRISTINA PULEJKOVA

Techno mama,2021

Пулејкова преку своето видео проблематизира родови прашања, дискурси за родовата поставеност на нашите општества во 21 век кои се сеуште патријархално и мачоистички структурирани, спротивставувајќи ги со доминантно матријархатски поставените стари цивилизации, предадени преку артефакти кои се дел од локалната и глобална историја и археологија. Опоненцијата на старите магна мајки и венери со аспектот на денешната техно мама, не дава ветување за „женската природа на иднина“ како констатација која Пулејкова сака да ја постави како дилема. 

Through her video, Pulejkova problematizes gender issues, discourses on the gender structure of our societies in the 21st century that are still patriarchal and macho-structured, opposing the predominantly matriarchal old civilizations, handed down through artefacts that are part of local and global history and archaeology. The opposition of the old magna mothers and Venus with the aspect of today's techno mom, does not promise a "female nature of the future" as a statement that Pulejkova wants to put as a final dilemma.

Kristina Pulejkova.jpg

Кристина Пулејкова (р. 1988) е македонска уметница која живее и работи во Скопје и во Лондон. Нејзиното интердисциплинарно творештво се заснова врз науката и технологијата. Делото на Кристина го истражува начинот на кој употребата на технологијата може да доведе до поголеми облици на одржливост во односите човек – природа. Работејќи низ подвижни слики, звук и инсталација, таа има за цел да изгради субјективни наративи, засновани врз научни податоци и начела. Во своите дела има тенденција да претставува гласови – гласови од суштества, предмети, па дури и атоми, со цел да се обиде да ги воведе нечовечките перспективи. Преку употребата на напредната технологија, делата на Кристина честопати се занимаваат со прашања од животната средина, притоа раскажувајќи лични приказни, кои ја ставаат публиката во центарот на сцената, овозможувајќи протагонистички пристап и поинаков начин на гледање на нештата.

 

Kristina Pulejkova (b. 1988) is a Macedonian artist based between Skopje, North Macedonia and London, UK. Her inter-disciplinary practice is informed by science and technology. Kristina’s work explores how the use of technology might lead to greater forms of sustainability in human-nature relationships. Working across moving image, sound and installation, she aims to build subjective narratives based on scientific data and principles. In her work, she tends to imagine voices from creatures, objects and even atoms in order to inhabit non-human perspectives. Through use of immersive technology, Kristina’s works often deal with environmental issues, telling personal stories that place audiences at the centre of the scene, allowing for a protagonist’s perspective and a different way of seeing.