ИГОР СЕКОВСКИ  / IGOR SEKOVSKI

Слободни ѕидари / Freemasonry, 2021

Во своето кратко видео, Сековски го третира проблемот на урбанизмот и неразумното градење и уништување на зелените површини и единствени оази во градот. Индиректно, преку природниот градителски процес на птиците кои собираат гранки и илегално градат свои гнезда, тој говори за урбаната мафија, која без било каква одговорност го зема капиталот и профитот како единствено мерило за егзистенција.

In his short video, Sekovski addresses the problem of urbanism and the unreasonable construction and destruction of green areas and unique oases in the city. Indirectly, through the natural process of building done by birds that gather branches and build their nests illegally, he speaks of the urban mafia, which without any responsibility takes capital and profit as the only measure of existence.

Igor Sekovski.jpg

Игор Сековски (1972, Скопје) 1997, дипломирал на Факултетот за Ликовни Уметности во Скопје; 2000-2001; специјалистички студии по сликарство на Мусашино Универзитетот за Уметност, Токијо, Јапонија; 2003, Магистрира на Џошиби Универзитетот за Уметност и Дизајн, Токијо, Јапонија. Од 2007 до 2013 доцент на факултетот за Арт и Дизајн при ЕУРМ, Скопје. Основач и член на Институтот за Уметности и Култура „Арс Акта“.

Автор е и учествувал на повеќе самостојни и групни изложби во Скопје, Кавадарци, Цетиње, Приштина, Битола, Торино, Цетиње, Минхен, Баку, Загреб, Прага, Њујорк, Брисел, Токио, Хановер, Дрезден, Петерсбург, Фиренца, Стразбург, Варна. Негови дела се дел од колекцијата на МСУ, Скопје и Народен музеј на Црна Гора, Цетиње.

Живее и работи во Скопје.

 

Igor SekovskI (b. 1972, Skopje) 1997, graduated from the Faculty of Fine Arts in Skopje; 2000-2001; specialist studies in painting at Musashino University of the Arts, Tokyo, Japan; 2003, holds a Master's degree from the University of Art and Design, Tokyo, Japan. From 2007 to 2013 Assistant Professor at the Faculty of Art and Design at EURM, Skopje. Founder and member of the Institute of Art and Culture "Ars Acta". He is the author and has participated in several solo and group exhibitions in Skopje, Kavadarci, Cetinje, Pristina, Bitola, Turin, Cetinje, Munich, Baku, Zagreb, Prague, New York, Brussels, Tokyo, Hanover, Dresden, Petersburg, Florence, Strasbourg, Varna. His works are part of MoCA-Skopje and National Museum of Montenegro, Cetinje. He lives and works in Skopje.