ГОЦЕ НАНЕВСКИ  / GOCE NANEVSKI

Магна карта на последниот здив / Magna Carta of the Last Breath, 2021
Аудио инженеринг: Дориан Јовановиќ / Audio engineering: Dorian Jovanovic

Магна карта на послениот здив преку апстрактно конфигурирано видео го третира проблемот на магна картата како симбол на документ со голема важност, пред се знак на слобода, на права, на опстанок во контекст на последниот здив или издишување на планетата Земја. Наневски се обидува да даде алузија за документирање на овој чин како кулминација на целиот процес на неглекција и негрижа за животната средина и одржувањето на еко-балансот.

Magna Carta of the Last Breath through abstractly configured video treats the problem of the Magna Carta as a symbol of a document of a great importance, above all a sign of freedom, rights, survival in the context of the Last breath or exhalation of the planet Earth. Nanevski tries to give an allusion to documenting this act as the culmination of the whole process of negligence and mistreat of the environment and the maintenance of the eco-balance.

Goce Nanevski.jpg

Гоце Наневски (1974), живее и работи во Скопје. Во 1996г. дипломира а во 2002г. магистрира на Факултетот за ликовни уметности, УКИМ во Скопје. Вработен е на ФЛУ Скопје како редовен професор на Катедрата за скулптура и трансмедиални практики на ФЛУ, УКИМ. Во интервалот 2012-2016г. бил Продекан за настава. Предмет на неговите уметнички интереси вклучуваат широки интердисциплинарни истражувања во морфологијата на скулптурата, инсталацијата, објектот и скулптурата во големи размери, кинетиката, звукот, амбиентот, фотографијата, перформансот и видео уметноста.

Самостојни изложби: Сараево, Кавадарци, Прилеп, Скопје, Њујорк, Цетиње, Бања Лука, Венеција, (53. Венециско биенале, Педесет или Педесет), Никшиќ, Пловдив, Велес,

Групни изложби: Кавадарци, Скопје, Кошице, Битола, Приштина, Торино, Лисабон, Сараево, Цетиње, Баку, Минхен, Загреб, Каиро, Њујорк, Брисел, Варна, Ксанти, Велес, Прилеп, Лос Анџелес, Калдас Да Раиња, Трст , Торес Ведраш, Констанца.

 

Goce Nanevski (1974) is based in Skopje. 1996, BFA & 2002, MFA at the Faculty of Fine Arts University “St. Cyril and Methodius” in Skopje. Full professor at the Faculty of Fine Arts, Department for Sculpture and trans-media practices.  2012-2016 Vice Dean for Academic affairs. The subject of his interests includes wide interdisciplinary research in the morphology of sculpture, installation, large scale object, kinetics, sound, ambience, photography, performance and video art.

Solo exhibitions: Sarajevo, Kavadarci, Prilep, Skopje, New York, Cetinje, Banja Luka, Venice, (53rd Venice Biennale Fifty or Fifty), Niksic, Plovdiv, Veles.

Group exhibitions: Kavadarci, Skopje, Kosice, Bitola, Prishtina, Turin, Lisbon, Sarajevo, Cetinje, Baku,Munich, Zagreb, Cairo, New York, Brussels, Varna, Xanthi, Veles, Prilep, Los Angeles, Caldas Da Rainhia, Trieste, Torres Vedras, Constanta.