КОНЦЕПТ I CONCEPT

Уметност достапна до секого, или уметност во јавен простор, е една мошне фасцинантна појава која имала своја историја и во модернизмот, а во последно време сѐ почесто ѝ се навраќаме. Тоа е пристап кон промоција на уметноста со кој таа се деинституционализира, излегува од својата комфорна зона и елитистичкиот паноптикум со кој најчесто се поврзува и се обнародува, т. е. станува достапна до пошироката публика, како дел од општествено-социјалната иконосфера. ИУК „Арс Акта“ и порано имаше успешни реализации и проекти во доменот на уметноста во јавен простор, со двете успешни изданија на „Уметност на билборд 1 и 2“ , како и со последната изложба „Траумакултура“, која се реализира во фабриката „Ариљеметал“. Но бидејќи нашите интереси во евидентирање на можностите на времето, технологијата и преокупациите на публиката се продлабочуваат, решивме да се обидеме да го „нападнеме“ и виртуелниот простор, користејќи Интернет, веб-платформи, социјални мрежи и портали. Овој простор станува медиум кој создава зависност кај пошироката популација без оглед на старосните граници, едукацијата, професијата или, пак, социјалниот статус. Сите постепено се претворивме во неми впивачи на информациите што катадневно ни се нудат, ја изгубивме моќта за просудување на важноста, квалитетот и веродостојноста на информациите, станавме неми, глуви, слепи и безраки доколку немаме извор на „цицање на нашата енергија“, заборавивме да комуницираме, да љубиме, да уживаме во благодатите на нормалното секојдневно битисување без присуството на нашите трети раце, очи или уши, кои ни даваат сила и способност да ги совладаме стравот, фрустрациите и несигурноста. Во една ваква рашомонијада од секојдневно социјално-општествено егзистирање, некако природно е да се помисли дека токму тој простор е соодветен за нов уметнички проект и за „контаминација“ со уметност и на обичната публика, која несвесно ќе биде „заведена“ да „консумира“ уметнички дела, да отвори едно авторско решение и потоа, евентуално, да биде „намамена“ да прочита нешто за авторот или, пак, за контекстот на проектот, а веројатно и да види наредно дело.

Проектот е осмислен да понуди уметност на различни нивоа, но оној момент на заведување или намамување е уметноста која се појавува како „реклама“ при разновидно разлистување на страници, платформи, социјални мрежи, јутјуб-канали. Целта е да го „нападнеме“ обичниот набљудувач со уметност, наместо со вообичаени комерцијални видеа или политички ветувања; да го натераме да погледне нешто што ќе го измести од вообичаената секојдневна зона и вкус нурнувајќи во една поинаква естетика, пософистицирана, повисока. Да го принудиме да се запраша што гледа, што е тоа што се „рекламира“, постепено сфаќајќи дека гледа нешто што нема комерцијална заднина, ниту, пак, промовира некој познат бренд. На овој начин, уметноста ќе влезе во сечиј дом.

Покрај првото ниво на проследување на мислата и афирмирање на целта на проектот со освојување на интернет-просторот, проектот носи и втор контекст, кој е мошне актуелен во времето во кое живееме, а сосема адекватно преку општиот пристап до поширок аудиториум ќе има моќ да влијае врз подигнување на свеста. „Уметност на екологија“, или „Artecology“, е насловот на проектот и е во согласност со еколошките и политички прашања што ги преокупираат светските политики, а секако, сѐ почесто и уметниците, кои чувствуваат потреба и одговорност да се приклучат кон сеопштата битка за спас на планетата Земја. Оваа потреба уште повеќе се нагласи со пандемијата со корона-вирусот, време во кое речиси сите се запрашавме за природата, земјата, космосот и колку со својата негрижа постепено но сигурно ја уништуваме нашата нормална еколошка средина. Уметниците говорат за природата, екологијата, уништувањето, вирусите, дезориентираноста, екологијата/или ерозијата на духот и сите останати нуспојави, „демоните“ на секојдневието кои доведуваат до промена на нормалноста во која живееме. Колку капиталистичкото општество, стремејќи кон што повисока добивка, е подготвено да ги жртвува здравјето на луѓето и иднината на нашата планета е уште една тема кон која со критички тон се обраќаат уметниците, говорејќи за „урбана мафија“, загадување, за родова еднаквост, за миграција, историја, медиумски хаос, смрт и разни видови екологии.

Провокативните решенија ќе го предизвикаат интересот кај пошироката публика и ќе придонесат кон едукација и интерактивност барем во доменот на поставување параболи и освестување. „Губење на аурата“ е термин кој сосема адекватно може да го опише и нашиот пристап со вакво промовирање на уметноста. Овој термин е опишан од Валтер Бенјамин во неговото дело „Уметничкото дело во ерата на механичка продукција“ токму како загуба на фиксниот, постојан и потврден контекст на едно уметничко дело. Според него, во нашата ера уметничкото дело го напушта својот „оригинален контекст“ и почнува да циркулира анонимно во мрежите на масовна комуникација, репродукција и дистрибуција. Всушност, аурата, како што ја опиша Бенјамин, настанува само благодарение на модерната техника на репродукција. Репродукција значи дислокација, детериторијализација; ги транспортира уметничките дела до мрежите на тополошки незавршена циркулација. Топологијата на денешните мрежи на комуникација, генерирање, превод и дистрибуција на слики е крајно хетерогена. Сите слики се временски трансформирани, препишувани, обновувани, репрограмирани на патот низ овие мрежи. Тие стануваат визуелно различни на секој таков чекор. Оттука потребата со новиот технолошки развој и уметноста да го менува својот пат на дистрибуција и приближување до реципиентот. Тоа е дотолку поважно доколку има и одговорна улога, а тоа е да биде поттик за себепреиспитување и подигнување на свеста, како создавање на своевидни „социјални пасуси“ кои ја врзуваат трансформацијата на човештвото во факти за социјална соработка (преземено од Негри).

Art accessible to everyone or art displayed in a public space is a particularly fascinating event, one that has had its own history even in modernism, and in recent times, we have been frequently revisiting this phenomenon, an approach to art promotion with which it is de-institutionalised, leaves its comfort zone and the elitist panopticon to which it is mostly associated and publicised i.e. becomes available for wider audiences, part of the social iconosphere. The Arts and Culture Institute Ars Akta has successfully organized events and projects in the past and displayed art in public spaces, particularly two successful editions of “Art on a Billboard 1 and 2” and the latest exhibition “Traumakultura” that was exhibited on the grounds of “Ariljemetal” factory, but our interests in documenting the possibilities of time, technology and the public’s interest have intensified, and thus we’ve made the decision to try and “attack” the virtual space, using the internet, web platforms, social media and news outlets.  This space is fast becoming a medium that has created dependency in the general public, with no consideration of age, education, profession or social status. We have all been silently absorbing  information offered to us every day; we have lost the power to make rational judgement on the importance, quality and credibility of information and we stand mute, deaf, blind and helpless if we fail to find a source that’s “sucking our energy dry”; we have forgotten how to talk and communicate, to love and enjoy the beauty of our everyday normal life without our third set of arms, eyes or ears that give us the strength and ability to overcome the fear, frustrations and insecurity. In this Rashomon effect like everyday social existence, it somehow becomes natural to think that precisely that space will be a perfect fit for a new artistic project and artistically “contaminate” the minds of the public, that will unwittingly be “seduced” and “consume” art works, open a link to an artist and perhaps then the public can be “entice” to read a few lines about the author or perhaps the idea behind the project and quite possibly look at another piece.

The project is conceptualised to provide and offer art on different levels, but the moment of seduction or the bait occurs when art appears as a “commercial”, spread on glossy pages, platforms, social media, and YouTube channels. The objective here is to “attack” the casual observer with art as opposed to the usual commercial videos and political promises, to impose upon him to see something new, something that will move him from the mundane zone and taste, and take him to a different, elevated and more sophisticated aesthetic. We need to give the casual observer a gentle nudge to wonder what is it that he is looking at, what is being “advertised” and to gradually understand that he is looking at something that doesn’t have any commercial background nor does it promote a brand. This way, art will be a part of every home.

In addition to the first level of thought transmission and affirmation of the project’s goal to conquer the internet space, the project also has a secondary context which is very popular in the time in which we live in, and quite adequately through the general access by a wider audience, will have the power to raise awareness. Art in ecology or “Artecology” is the title of the project and it follows the ecological and political issues that are of great concern for international politics and of course to artists who now more than ever feel the need and responsibility to join the fight to save our planet Earth. This need has been emphasised by the Covid-19 pandemic, a time in which we have all asked ourselves questions about our nature, planet, universe and how by not caring, gradually but unambiguously we are destroying our environment. Artists are talking about nature, ecology, destruction, viruses, disorientation, ecology/or erosion of spirit and all other side-effects “demons” of everyday life that have led to the change in the normalcy of our lives. A capitalist society that strives towards maximising profits and it’s prepared to sacrifice people’s health and the future of our planet is also the theme that is critically approached by artists, addressing the “urban mafia”, pollution, gender equality, migration, history, media chaos, death and various types of ecologies.

The provocative responses and solutions will pique the interest of the general public and contribute towards education and interaction, at least in providing parables and awareness. “Decay of the aura” is a term that can quite adequately describe our approach with this type of art promotion, and it is actually a term described by Walter Benjamin in the book “The Work of Art in the Age of Mechanical Production”, precisely as the decay of fixed, perpetual and affirmative context of an art work. According to Benjamin, the art work in our era is no longer in its “original context” and thus it begins circulating anonymously in the webs of mass communication, reproduction and distribution. The aura as described by Benjamin actually forms due to the modern technique of reproduction. Reproduction means dislocation, and deterritorialization; it transports art works to the webs of topologically unfinished circulation. The topology of today’s webs of communication, generation, translation and distribution of paintings is exceedingly heterogeneous. With time, all paintings have been transformed, transcribed, restored and reprogrammed on the journey through these webs. They have become visually different at every such step. Consequently art, in step with technological development, changes its ways of distribution to find its way to the recipient. It’ll be even more dominant, if it has a role of responsibility which will be to instigate self-examination and raise awareness and create a kind of "social passages" that connect the transformation of humanity into facts of social cooperation (courtesy of Negri).