БОРИС ШЕМОВ  / BORIS SEMOV

BoSH, 2021

Шемов се занимава со елементите на урбаното, масовните медиуми, со безумните информации кои непросејани ги восприемаме и ни се наметнуваат како нужност и ни го заматуваат здраворазумското просудување, со брзото и динамично секојдневие кое од животот ни прави збрка, за осаменоста и за личните екологии кои ги третираме како небитни, а кои финално не доведуваат до депресија, збунетост, безизлез.

Semov deals with the elements of the urban, mass media, mindless information that we unceasingly perceive and they impose on us as a necessity which obscures our common sense. Than with the fast and dynamic everyday life that confuses us. He talks about loneliness and personal ecologies that we treat as irrelevant, but ultimately that situation leads us to depression, confusion, hopelessness.

Boris Semov.jpg

Борис Шемов е роден е 1974 година во Скопје.1992-1996 додипломски студии на Факултет за ликовни уметности во Скопје, сликарски оддел, насока рачна изработка на хартија. 1999-2001 – Магистерски студии, Факултет за ликовни уметности, Скопје. 2003– Магистрирал на Факултетот за ликовни уметности, Скопје. Учествувал на многубројни групни изложби во Македонија и странство. Работи како ликовен соработник во Националната галерија на Македонија во Скопје. Селектирани самостојни изложби: 2015, „12:05“, Национална галерија на Македонија; 2013, Арс Акта 001”, МЦ Галерија, Њујорк; 2011, Берлин, Прима центар Берлин, „Sharing extension“; Цетиње, Народен музеј на Црна Гора, Галерија „Дадо“, „Life domain“; 2006, Скопје, Национална галерија на Македонија, „Кодот Б“; 2005, Скопје, Галерија „Точка“, „Изложба за еден ден“; 2003, Токио, Галерија „Toki Art Space“, „Несоници“. Тој е основач и член на Институтот за уметности и култура „Арс Акта“.

 

Boris Semov was born in 1974 in Skopje. 1992-1996 Undergraduate studies at the Faculty of Fine Arts in Skopje, painting department, majoring in handmade paper. 1999-2001 - Master studies, Faculty of Fine Arts, Skopje. 2003 - Master's degree at the Faculty of Fine Arts, Skopje. He has participated in numerous group exhibitions in Macedonia and abroad. Works as an art collaborator at the National Gallery of Macedonia in Skopje. Selected solo exhibitions: 2015, "12:05", National Gallery of Macedonia; 2013, Ars Acta 001 ”, MC Gallery, New York; 2011, Berlin, Prima Center Berlin, "Sharing extension"; Cetinje, National Museum of Montenegro, Dado Gallery, Life domain; 2006, Skopje, National Gallery of Macedonia, "Code B"; 2005, Skopje, Gallery "Tochka", "Exhibition for one day"; 2003, Tokyo, Toki Art Space Gallery, Insomniac. He is one of the founder and a member of the Ars Akta Institute of Arts and Culture.