УМЕТНИЦИ I ARTISTS

Slavica Janeslieva.jpg

СЛАВИЦА ЈАНEШЛИЕВА / SLAVICA JANESLIEVA

Славица Јанешлиева  (1973) е визуелна уметница со изразен мултимедијален и интермедијален пристап. По образование е графичар, но нејзиниот препознатлив исказ и исклучителна дарба за визуелна нарација ги пренесува преку различни медиуми: графика, објект, уметничка инсталација, цртеж, фотографија, видео, уметничка книга итн.

Slavica Janešlieva (b.1973) is a visual artist with characteristic multimedia and inermedial expression.  Janešlieva specialized in graphic art/printmaking,  but she shows her recognizable artistic expression and talent for visual narration in various mediums: print, object, art installation, drawing, photography, video, book art etc.

Denis Jagdzi.jpg

ДЕНИС ЈАГЏИ  / DENIS JAGDZI

Денис Јагџи е роден во 1996 во Призрен. Од 2015 живее и работи во Скопје. Тој е дипломиран фотограф. Дипломираше на катедрата по фотографија на факултетот за Аудиовизуелни уметности Еуропа Прима-Скопјe

Denis Jagdji (Denis Jagdži) is born in 1996 in Prizren. Since 2015, he has been living and working in Skopje. He is graduated photographer of the Department of Photography at the International University of Audiovisual Arts Europa Prima - Skopje

Robert Jankuloski.jpg

РОБЕРТ ЈАНКУЛОСКИ  / ROBERT JANKULOSKI

Роберт Јанкулоски роден е во Прилеп, 1969 година. Добитник е на неколку награди од областа на визуелните уметности и филмот и носител на титулата Витез од областа на уметноста и книжевноста, доделен од Министерството за култура на Франција.

Robert Jankuloski born in Prilep, 1969. Winner of several awards in the area of visual arts and film. Presently he is full professor at the Faculty of Film Arts at the International University "Europa Prima"

in Skopje.

Monika Moteska.jpg

МОНИКА МОТЕСКА  / MONIKA MOTESKA

Моника Мотеска е родена во Прилеп, 1971 година. Дипломирала на Факултетот за ликовна уметност - сликарски оддел во Скопје, 1996. Се занимава со сликарство, фотографија, видео и инсталација.

Monika Moteska born in Prilep, 1971. She graduated from the Faculty of Fine Art – Department of Painting in Skopje, 1996. She works with painting, photography, video and installations.

Goce Nanevski.jpg

ГОЦЕ НАНЕВСКИ  / GOCE NANEVSKI

Гоце Наневски (1974) е редовен професор на Катедрата за скулптура и трансмедиални практики на ФЛУ, УКИМ. Предмет на неговите уметнички интереси вклучуваат широки интердисциплинарни истражувања во морфологијата на скулптурата, инсталацијата, објектот и скулптурата во големи размери, кинетиката, звукот, амбиентот, фотографијата, перформансот и видео уметноста

 

Goce Nanevski (1974) is a full professor at the Faculty of Fine Arts, Department for Sculpture and trans-media practices. The subject of his interests includes wide interdisciplinary research in the morphology of sculpture, installation, large scale object, kinetics, sound, ambience, photography, performance and video art.

Kristina Pulejkova.jpg

КРИСТИНА ПУЛЕЈКОВА  / KRISTINA PULEJKOVA

Кристина Пулејкова (р. 1988) е македонска уметница која живее и работи во Скопје и во Лондон. Нејзиното интердисциплинарно творештво се заснова врз науката и технологијата. Делото на Кристина го истражува начинот на кој употребата на технологијата може да доведе до поголеми облици на одржливост во односите човек – природа.

Kristina Pulejkova (b. 1988) is a Macedonian artist based between Skopje, North Macedonia and London, UK. Her inter-disciplinary practice is informed by science and technology. Kristina’s work explores how the use of technology might lead to greater forms of sustainability in human-nature relationships.

Igor Sekovski.jpg

ИГОР СЕКОВСКИ  / IGOR SEKOVSKI

Игор Сековски (1972, Скопје) 1997, дипломирал на Факултетот за Ликовни Уметности во Скопје; 2000-2001; специјалистички студии по сликарство на Мусашино Универзитетот за Уметност, Токијо, Јапонија; 2003, Магистрира на Џошиби Универзитетот за Уметност и Дизајн, Токијо, Јапонија. Основач и член на Институтот за Уметности и Култура „Арс Акта“

Igor Sekovski (b. 1972, Skopje) 1997, graduated from the Faculty of Fine Arts in Skopje; 2000-2001; specialist studies in painting at Musashino University of the Arts, Tokyo, Japan; 2003, holds a Master's degree from the University of Art and Design, Tokyo, Japan. Founder and member of the Institute of Art and Culture "Ars Acta"

Marija Sotirovska.jpg

МАРИЈА СОТИРОВСКА  / MARIJA SOTIROVSKA

Марија Сотировска (р.1983) дипломирала во 2006 година на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методи“, отсек сликарство, со насока конзервација и реставрација под менторство на професор Благоја Маневски. Половина декада подоцна магистрирала сликарство на истиот Факултет

Marija Sotirovska (b. 1983) graduated in 2006 at the Faculty of Fine Arts at the University "St. Cyril and Methodius ”, Department of Painting, with a focus on conservation and restoration under the mentorship of Professor Blagoja Manevski. Half a decade later she received her master's degree in painting from the same Faculty

Boris Semov.jpg

БОРИС ШЕМОВ  / BORIS SEMOV

Борис Шемов (1974, Скопје) е мултимедијален уметник кој во сржта на своите визуелни истражувања врши концепциска синестезија. Тој креира визуелни дразби кои вклучуваат номадичност, референтност, колажираност, експерименталност, синтетичност, индустријализам, масовност, повеќеслојна комплексна концептуалност итн.

 

Boris Shemov (1974, Skopje) is a multimedia artist who, at the core of his visual research, performs conceptual synesthesia. He creates visual stimuli that include nomadism, referentiality, collage, experimentalism, synthetics, industrialism, mass, multilayered complex conceptuality, and so on.

Ana Frangovska.jpg

АНА ФРАНГОВСКА / ANA FRANGOVSKA

Куратор  / Curator

Ана Франговска е креативен и динамичен уметнички професионалец со дваесетгодишно кураторско, едукативно и истражувачко искуство во современата визуелна уметност. Работи како виш кустос во Националната галерија на Република Северна Македонија во изминатите петнаесет години. Франговска е докторски кандидат за трансдисциплинарни студии по современа уметност и медиуми на Факултетот за уметности и медиуми во Белград. Курирала и организирала голем број институционални, но и независни проекти во земјата и во странство. Била куратор на македонскиот павилјон на 55. биенале во Венеција, Италија, во 2013 година, на проектот „Silentio Pathologia“ на Елпида Хаџи-Василева.

 

Ana Frangovska is a creative and dynamic art professional with twenty years curatorial, educational and research experience in the contemporary visual arts. She works as senior curator at the Macedonian National Gallery for the past fifteen years. Frangovska is a PhD candidate of Transdisciplinary studies in Contemporary Arts and Media at the Faculty of Arts and Media in Belgrade. She has curated and organized great number of institutional and non-independent projects in the country and abroad and was a curator of the Pavilion of Republic of Macedonia at the 55th Venice Biennale, Italy, 2013 of the project ‘Silentiopathologia’ from the artist Elpida Hadzi-Vasileva.